Блог

Ставовите на авторите на овие текстови се нивни лични ставови и не се автоматски и ставови на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Дирекцијата за заштита на личните податоци се оградува од објавените ставови и одговорноста за изнесеното е исклучиво на авторите на текстовите. 


 Blog – written by Mr. Christopher Graham (UK Information Commissioner) for Macedonian DPA Blog – August 2014

Whether it’s examining the changes to Google’s privacy policy, or investigating high profile personal data breaches at big multi-national companies  like eBay or Sony, data protection authorities are increasingly dealing with incidents that affect thousands, if not millions, of citizens, not just in their home countries but across the globe.  At the same time, public finances are under intense scrutiny and data protection authorities are having to find new and innovative ways to be efficient and remain effective.

That’s why the UK Information Commissioner’s Office (ICO) and the Office of the Privacy Commissioner of Canada (OPC) have teamed up to co-chair a working group of the International Conference of Data Protection and Privacy Commissioners (ICDPPC) to look at how privacy and data protection authorities can get more ‘bang for their buck’.  Sharing information and coordinating activities, particularly when it comes to investigating and enforcing against breaches involving multi-national companies, are key to this approach.  That’s why the working group has already produced a working document to help authorities think about issues they need to consider when taking coordinated enforcement action. 

The working group is drafting an agreement that will allow for the sharing of key information and intelligence and coordination of enforcement activities between data protection and privacy enforcement authorities across the world. We are hoping to have something ready in time for the International Conference in Mauritius.

The ICO and OPC have both been long standing advocates of the need to help and support authorities across the world, particularly when it comes to enforcement activity.  The OPC and ICO are committee members of the Global Privacy Enforcement Network (GPEN).  The GPEN network has a dedicated website, manages discussions, and holds an annual meeting to help promote co-ordinated enforcement action that raises awareness and encourages the adoption of information rights best practice across the world. 

The ICO hopes that its efforts in this area encourage other privacy and data protection authorities to cooperate more closely.  We also hope that its effort will make companies operating in multiple jurisdictions sit up and take notice that privacy and data protection authorities have, and are, reaching out to their global counterparts to make sure citizens’ rights are being respected.  END


Додека возите, насмевнете се!

Пишува: м-р Елена Стојановска, советник за меѓународна соработка и односи со јавноста во Дирекција за заштита на личните податоци

 

Трендот на поставување на камери на крстосниците и на други одбрани места на сообраќајниците продолжува, а целта која се очекува да биде исполнета е побезбеден сообраќај. Истовремено, се поставува прашањето дали ваквиот начин на следење на однесувањето на учесниците во сообраќајот е дозволено и согласно кои законски норми се спроведува. Повеќе


Можеме ли навистина да се заштитиме?!

Пишува: м-р Лилјана Пецова-Илиеска, советник за Европски интеграции и спроведување на проекти во Дирекција за заштита на личните податоци

 

Јавноста беше силно вознемирена кога се појави PRISM, таен програм за масовно електронско следење на податоци, управуван од страна на Националната агенција за безбедност (NSA) на САД. PRISM е всушност кодирано име на програмата којашто собира податоци кои се чуваат на интернет комуникациите, врз основа на пребарувањата направени на интернет компаниите, како на пример Google. Не постојат индикации како и на кој начин податоците се обработуваат, откако ќе бидат „хакирани“ и анализирани и какви контролни механизми се поставени за да се заштитат на новата локација. Она што е повеќе од јасно е дека дебатата за PRISM и прашањата кои беа поставени, секако не ги одговорија најважните: прашањето за приватноста и тајноста, како и заштитата на личните податоци. Повеќе


Под будното око на шефот!

Пишува: м-р Елена Стојановска, советник за меѓународна соработка и односи со јавноста во Дирекција за заштита на личните податоци

 

Дали вработените во фабрики, конфекции, производствени погони може да бидат надгледувани од страна на работодавецот преку систем за видео надзор и дали може да бидат поставени скриени камери?

Работодавците и вработените често се предмет на дискусиите за примената на законите за заштита на личните податоци. Без разлика на тоа дали приватноста на вработените е заштитена со закон, нејзиното почитување се смета за додадена вредност во работната култура на една компанија. Вработените очекуваат приватност на работното место, иако се наоѓаат во простории на компанијата и користат опрема на компанијата. Многу често во службените простории се инсталира и видео надзор за што постојат и посебни одредби во Законот за заштита на личните податоци. Имено, работодавецот може да врши видео надзор во службени или деловни простории доколку тоа е потребно за заштита на животот или здравјето на луѓето, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата или обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории. Повеќе


Identification numbers in Republic of Slovenia

Пишува: Mag. Rosana Lemut Strle, Deputy information officer of Republic of Slovenia

 

The dilemma about whether it is better/safer to use only one identification number, which completely defines an individual or more for different fields – from the point of view of the safety of personal data – is still present in Slovenia. New debates open periodically about whether it makes sense to process all data in all the records in the public sector on the basis of one identification number, stating that this would simplify the running of records in the public sector or, on the other hand, whether it is more appropriate to keep the different identification numbers. In Slovenia – as it was already stated – we do not have only one and final answer to this question, however, I can present the history of the initiative of uniform identification numbers, namely the reasons which led the legislator to accept the current regulatory framework. Повеќе


Ало, рецепција?

Пишува: м-р Елена Стојановска, советник за меѓународна соработка и односи со јавноста во Дирекција за заштита на личните податоци

 

Кои лични податоци може да ги собираат хотелите за своите гости и дали смеат да задржуваат патна исправа на странски гости и/или лични карти на домашни гости?

Различната практика на работа на хотелите често кај гостите отвора дилеми за тоа кои лични податоци треба да ги дадат при пријавувањето во хотел, дали рецепционерите смеат да ја задржат личната карта и/или патната исправа?! Повеќе


Спроведување на вредностите на Европравда

Пишува: м-р Марјана Поповска, инспектор за заштита на личните податоци во Дирекција за заштита на личните податоци

Европравда е тело на Европската Унија основано во 2002 година со сопствен правен субјективитет и седиште во Хаг, Кралство Холандија. Основна мисија на Европравда е зајакнување на ефективноста на институциите на земјите членки надлежни за истрага и гонење на сериозни облици на транснационален и организиран криминал. Eвроправда има уникатна улога во правната област на Европската Унија и главната цел е да го унапреди развојот на пан-европска соработка за кривични случаи. Повеќе


Шенгенски граничен кодекс – Предизвик за заштита на лични податоци

Пишува: м-р Снежана Трајановска, вработена во Министерство за внатрешни работи, Секторот за ЕУ и меѓународна соработка

 

Во време кога движењето на луѓето и материјалните добра преку границите претставува еден од основните постулати на современото живеење, уредувањето на стандардите и унифицирање на пристапот во вршењето на гранична контрола за ЕУ, долги години претставуваше своевиден предизвик. Дури во 2006 година за првпат е донесен сеопфатен документ што на систематски начин ги поставува правилата за слободно движење на луѓе, во делот на ЕУ без внатрешни граници – Шенген зоната, т.е. “Кодексот на Заедницата за правилата што го уредуваат движењето на лица преку границите“(Шенгенски граничен кодекс). Документот е целосно обврзувачки и директно применлив во сите земји-членки на ЕУ, согласно Договорот за воспоставување на Европската Заедница и оттогаш до сега, истиот претрпе неколку измени и дополнувања. Повеќе


ЕУ надзор над Политиката на приватност на GOOGLE

Пишува: Елизабета Недановска, поранешен раководител на Одделение за меѓународна соработка и односи со јавноста во Дирекција за заштита на личните податоци

Започнувајќи од 1 Март 2012 година, кога GOOGLE ја промени својата политика на приватност, започна да се бранува јавноста на Европа со напорите кои ги даваат органите за заштита на личните податоци на земјите членки на Европската Унија. Новата политика на приватност на овој најголем пребарувач jа подигна загриженоста за заштита на приватноста на високо ниво, бидејќи овозможува обработка на комбинација на податоци ,собрани преку услугите на GOOGLE, и во својата политика на приватност има недостаток на информации потребни за корисниците на GOOGLE во однос на заштитата на нивните податоци. Повеќе


FACEBOOK—Нужно зло!

Пишува: Бојан Николовски, магистер по менаџмент со одбранбено безбедносни ресурси

Социјалните мрежи сè повеќе добиваат на значење како средство за комуникација меѓу луѓето, но и како профили на определени институции, здруженија, организации и слично. Затоа сметаме дека е мошне значајно да се знаат постапките за заштита на профилите на некои од социјалните мрежи. Facebook денеска претставува најпопуларен веб сајт наменет за социјална интеграција на луѓето. Повеќе


Со воведувањето на правниот концепт за заштита на личните податоци, приватноста станува компонента на новото општество, а не само индивидуална потреба

Димитар Ѓеорѓиевски, Дирекција за заштита на личните податоци, директор

 

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) е основана на 22 јуни 2005 година како независен државен орган со својство на правно лице чија мисија е обезбедување транспарентност и информираност на граѓаните за правото на заштита на личните податоци. ДЗЛП е основана со Законот за заштита на личните податоци чие донесување значи и воспоставување на нов концепт во Република Македонија кој подразбира вклучување на правото на приватност во правниот систем, заштита на уште едно од основните човекови права - правото на приватност. Повеќе


„Приватност на работното место“

Димитар Ѓеорѓиевски, Дирекција за заштита на личните податоци, директор

 

Работодавците и вработените често се предмет на дискусиите за примената на законите за заштита на личните податоци. Без разлика на тоа дали приватноста на вработените е заштитена со закон, нејзиното почитување се смета за додадена вредност во работната култура на една компанија. Вработените очекуваат приватност на работното место иако се наоѓаат во простории на компанијата и користат нејзина опрема. Повеќе


Protecting Privacy in a Fast Evolving, More Complex Digital World: The necessity of Privacy International Standards  

Prof. Dr. Artemi Rallo, Constitutional Law Professor  at Jaume I University (Spain) and Phaedra Project Partner

Former Director of the Data Protection Spanish Agency, Deputy Chair of the Article 29 Working Party and Chair of the Data Protection Latin America Network

If there is one sector in which the need for a quick legal response is particularly important, it is new technologies. In this digital environment we are not dealing with a revolution, but with a constant, rapid evolution. While technology has clear and obvious advantages, its widespread use also presents challenges. More