Европска конференција за заштита на личните податоци

Органите за заштита на личните податоци од земјите членки на Европската Унија и Советот на Европа се сретнуваат на Европската Конференција секоја пролет. Токму затоа оваа конференција се нарекува и Пролетна Конференција. На неа исто така се присутни и претставниците на Заедничките надзорни органи за Шенген, Еуропол и Царина, како и Европскиот надзорен орган за заштита на личните податоци.

Најдобрите практики и други прашања од заеднички интерес се дискутираат на пленарни седници, по што Конференцијата традиционално завршува со усвојување на  поголем број битни документи.

При одржување на Конференциите постигната е согласност за основање на две групи кои работат на специфични прашања и тоа, Работната Група за Полиција и Судство (Working Part on Police and Justice) и Работилници за постапување по случаи (Case Handling Workshops). Работилниците се меѓународни семинари кои се организираат два пати годишно и овозможуваат на вработените во органите за заштита на личните податоци да разменуваат информации и да споделат искуство за практичното работење на случаи.

Wednesday, December 25, 2013 - 17:00