Други обврски согласно Законот за заштита на личните податоци

  • Обврски во врска со квалитетот на личните податоци (член 5 од Законот за заштита на личните податоци);
  • Обврска за информирање на субјектот на личните податоци (член 10, 11 и 12 од Законот за заштита на личните податоци);
  • Обврска за добивање на претходна согласност од субјектот на лични податоци за користење на податоците во рекламни цели (член 13-а од Законот за заштита на личните податоци);
  • Обврска за преземање на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци (член 23 од Законот за заштита на личните податоци);
  • Обврска за донесување и имплементација на документација за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци (согласно член 23 став 4 од Законот за заштита на личните податоци).