Агенцијата отпочна со спроведување на обуки за заштита на личните податоци согласно новиот Закон за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци по кратка пауза поради настаната ситуација со Корона вирусот, на 24.06.2020 година отпочна со спроведување на обуки за заштита на личните податоци согласно новиот Закон за заштита на личните податоци кој беше донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во февруари оваа година

Обуките ги организираме со цел вработените во контролорите, односно обработувачите да стекнат знаења од областа на заштитата на личните податоци.

Новиот ЗЗЛП од 2020 година бара од офицерите за заштита на личните податоци да имаат стекнати знаења и вештини по однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци. Нашите обуки се прилагодени за да можат учесниците (офицерите за заштита на личните податоци) да се оспособат да ги извршуваат работите кои им се определени со новиот Закон.

На учесниците на обуките, Агенцијата им издава сертификат со важност од три години.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани да го пријават своето учество на obuki@privacy.mk. Распоредот на обуките ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата во делот Настани.

При организирањето и спроведувањето на обуката, Агенцијата за заштита на личните податоци ги применува сите мерки за заштита од COVID-19 (Корона вирус), согласно Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари на Владата на Република Северна Македонија.