Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер Алиу оствари работни состаноци со министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и министерот за правда г. Бојан Маричиќ

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер Алиу, заменик директорот Игор Кузевски и раководителот на Сектор за инспекциски надзор г. Валентин Фетаџокоски остварија работни состаноци со министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и министерот за правда г. Бојан Маричиќ.

На состаноците се разговараше за потребата од донесување на Законот за заштита на физичките лица во однос на обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.

Со овој закон се врши усогласување со европската регулатива во областа на заштитата на личните податоци и тоа Директива (ЕУ) 2016/680 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во однос на обработка на лични податоци од надлежни органи за целите на спречување, истраги, откривање или гонење кривични дела или извршување кривични санкции и за слободно движење на таквите податоци и за укинување на Рамковната Одлука 2008/977/ПВР на Советот.

За скоро време се очекува да се потпише Меморандум за соработка помеѓу АЗЛП и МВР, кој ќе ја постави рамката на идните проекти на кои ќе соработуваат експертите од двете институции.