Заштитата на личните податоци и медиумите

Проектот „Заштитата на лични податоци и медиумите” започна на 12 декември 2016 година. Проектот се финансира од ИПА ТАИБ 2012 програмата.

Проектот ќе придонесе за поефикасна имплементација на правото на приватност и заштита на личните податоци водејќи сметка и за правото на слобода на изразување и информирање. Проектот треба да помогне да се разберат и подобрат стандардите за заштита на лични податоци како и да се креира алатка за усогласеност на медиумите со принципите за заштитат на лични податоци.

Проектот ќе се имплементира преку следниве компоненти:

Компонента 1: Проценка на почитувањето на принципите за заштита на лични податоци од страна на медиумите; и

Компонента 2: Подобрување на стандардите и етичките правила за заштита на лични податоци од страна на медиумите.


Времетраење: 12 декември 2016 – 12 август 2017

Буџет: 57.300 евра


Одговорно лице за контакт од проектот: Наташа Пирц Мусар - тим лидер (natasa.musar@siol.net), Alexander Alexandrov проект менаџер (alexander.alexandrov@humandynamics.org) и Милан Митовски, асистент на проектот (milan_mitovski@yahoo.com).

Одговорно лице за контакт од ДЗЛП: Игор Кузевски и Слободанка Славковска, виш програмски службеник за ИПА компонента 1 во Дирекцијата за заштита на личните податоци

Корисник на проектот: Дирекција за заштита на личните податоци

Организација што го спроведува проектот: Altair Asesores SL од Шпанија во конзорциум со Hulla & CoHuman Dynamics KG од Австрија.


Информации за проектот  - Преземи EN


Настани

 

Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации во Република Македонија - Повеќе