Зајакнување на соработката со Европравда и Европол

Еден од очекуваните резултати од ЕУ проектот Поддршка за пристап до правото за заштита на лични податоци” е подобрување на меѓународната соработка на Дирекцијата за заштита на лични податоци. За негово исполнување е предвидена активноста А11.2 – Зајакнување на соработката со Европравда (Eurojust), Интерпол и Европол, во врска со спроведувањето на одредбите за заштита на обработката на лични податоци во борбата со сериозните форми на транснационален криминал, вклучувајќи и тероризам. За таа цел, во периодот од 3ти до 7ми јули 2017 беше организирана посета за 8 (осум) претставници на ДЗЛП на Европравда и Европол во Хаг. Посетата беше од консултативен карактер и во текот на истата беа разменети мислења во однос на понатамошниот развој во областа на заштитата на лични податоци и безбедноста на податоците.