Избор на директор и заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Понеделник, Декември 30, 2019

На 25.12.2019 година Собранието на Република Северна Македонија го избра за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци г. Имер Алиу од Тетово и г. Игор Кузевски од Скопје за негов заменик.

Имер Алиу е дипломиран правник на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово. Долги години бил пратеник во македонскиот парламент и поранешен министер и заменик претседател во Владата на Република Северна Македонија. Во моментов има запишано трет циклус - докторски студии по правни науки, Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Една од првите задачи на кои ќе се фокусира новото раководство на Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе биде носење на нов Закон за заштита на личните податоци и негова целосна усогласеност со новата европска регулатива за заштита на личните податоци.