Известување за одлагање на обуките за заштита на личните податоци

Вторник, Април 7, 2020

Агенцијата за заштита на личните податоци  ги одлага закажаните обуки за заштита на личните податоци на неопределено време, а согласно развојот на состојбата со вирусот Корона (Ковид 19) и заклучоците, односно препораките на Владата на Република Северна Македонија.

Датумите кога ќе се одржат обуките дополнително ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата, а пријавените учесници ќе бидат известени и преку електронска пошта.