Известување

Понеделник, Февруари 1, 2021

 

Во врска со објавата со наслов: „Агенцијата за заштита на личните податоци во сред економска криза ќе нарачува пијалаци во износ од 200.000 денари“ објавена на 23.01.2021 година, а во интерес на начелото на транспарентност, односно целосно информирање на јавноста, Ве известуваме за следното:

Агенцијата за заштита на личните податоци, во рамките на своите надлежности подготвува и спроведува обука за физички и правни лица (во државна и приватна сопственост) со цел истите да се стекнат со знаења и вештини по однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци, за што Агенцијата наплаќа од учесниците определен паричен надоместок, согласно Одлуката за определување на висината на надоместоците за организирање и спроведување на обука за заштита на личните податоци.

Бидејќи се работи за целодневни обуки, Агенцијата обезбедува оброк (ладен сендвич) и пијалаци (сокови, вода, кафе, чај) за учесниците на обуката, па затоа е потребно да се објави оглас за јавна набавка на горенаведените производи согласно Законот за јавните набавки, имајќи предвид дека Агенцијата обучува и до 800 лица годишно.

Исто така, Агенцијата за заштита на личните податоци не се обврзува да ги нарачува сите стоки кои се предмет на набавка, односно нарачките ќе ги врши сукцесивно, согласно потребите.

 

Со почит,

Комисија за јавни набавки на

Агенцијата за заштита на личните податоци