Иницијатива 20i7 - Охрид, 22-24 април 2018 година

Петок, Април 20, 2018

Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија  во периодот од 22 до 24 април 2018 година ќе биде домаќин на вториот состанок Иницијативата 20i7, на кој ќе земат учество претставници на органите за заштита на личните податоци на Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Србија и Македонија. Вториот состанок на Иницијативата 20i7 ќе се одржи во Охрид, а тема на истиот ќе биде: „Ефективната имплементација на новата европска Општа Регулатива за Заштита на Личните Податоци (General Data Protection Regulation - GDPR) како и конзистентната кооперативност помеѓу органите за заштита на личните податоци.“