Интерен огласи за унапредување на административни службеници бр. 03/2018

Понеделник, Август 27, 2018

Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), Дирекцијата за заштита на личните податоци објавува Интерен оглас бр.03/2018 за унапредување на 2 административни службеници во Дирекцијата.