Како да пријавите лажен профил на Инстаграм?

Instagram

На Instagram не се допуштени профили на лица кои лажно се претставуваат!

Услугите за пријавување на лажен профил на Instagram не се преведени на македонски јазик, поради тоа во продолжение се дадени насоки преведени од англиски на македонски за подобро разбирање.

Ако некој има креирано профил на кој се претставува како Вас, следете ги следните чекори:

  1. Кликнете на линкот https://help.instagram.com/
  2. Изберете: Privacy & Safety Center (Центар за приватност и сигурност)
  3. Изберете: Report Something (Пријави содржина)
  4. Изберете: Impersonation Accounts (Лажни профили)
  5. Изберете: What can I do if someone is impersonating me on Instagram? (Што можам да направам ако некој се претставува како мене на Instagram?)
  6. Ќе Ви се појави текст кој нуди два начина за пријавување на лажен профил:

• Ако имате Instagram профил, можете да пријавите преку самата апликација или преку пополнување на овој образец (fill out this form).

• Ако немате Instagram профил, а сакате да пријавите лажен профил отворен на Ваше име, одберете ја опцијата “пополни го овој образец“ (fill out this form).

 

If someone created an Instagram account that's pretending to be you or someone you know, please use this form to file a report. Ако некој има креирано профил на Инстаграм кој се претставува како Вас или некој кој Вие го познавате, употребете ја оваа форма:

  • Which of the following best describes your situation? Што од следново најдобро ја опишува твојата ситуација? 
  • Someone created an account for my business or organization (Некој има креирано профил за мојот бизнис или организација) 
  • Someone created an account pretending to be me or a friend (Некој има креирано профил кој се претставува дека сум јас или пријател)  
  • Someone created an account pretending to be someone I represent (ex: my child) Некој има креирано профил кој се претставува како некој кој јас го застапувам (пр.моето дете)  
  • I can't log into my old account (Не можам да се логирам на мојот стар профил)  
  • Дали овој профил некој се претставува како Вас ? Is this account impersonating you?  
  • Да, Јaс сум лицето кое е претставено Yes, I am the person being impersonated 
  • Не, овој профил е претставен мојот пријател No, this account is impersonating my friend  

Вашето целосно име 

Вашата имаил адреса: Your email address: 

Наведете го целосното име наведено на профилот кој го пријавувате кое може да го најдете до фотографијата објавена на профилот 

Корисничкото име на Instagram на профилот кој го пријавувате: 

 

НАПОМЕНА:

Потребно е да се достави скениран документ за лична идентификација со фотографија преку која ќе се утврди Вашиот идентитет. Во спротивно, нема да се постапува по Вашето барање.

На крај на пополнетиот образец потребно е да се кликне на копчето “SEND“.

Откако ќе ја поднесете пријавата, администраторот на Instagram ќе Ве контактира на email кој сте го навеле и ќе Ве извести за превземените мерки/чекори.

Ако не добиете одговор, можете да се обратите до Дирекцијата за заштита на личните податоци на следниот контакт е-маил, info@privacy.mk, blerim.bajrami@privacy.mk.