Конференција на европските органи за заштита на лични податоци

Делегација од Дирекцијата за заштита на личните податоци зема учество на 28та Конференција на европските органи за заштита на лични податоци: “DATA PROTECTION – BETTER TOGETHER“, која што се одржа на 3 и 4 мај во Тирана, Албанија. Главна тема на Пролетната конференција на органите за заштита на личните податоци беше територијалниот опсег на Општата регулатива за заштита на личните податоци - General Data Protection Regulation, но беа опфатени и следните теми:

  • Подобрување на надзорната соработка при вршењето на надзор: улогата на органите за заштита на личните податоци
  • Територијален опсег на Регулативата за заштита на општите податоци
  • Ревизија на Конвенцијата 108
  • Заштита на личните податоци во рамките на полициските и судските институции
  • Помошник супервизор на ЕДПС
  • Влијание на европските стандарди врз другите системи - развивање на конвергенција на меѓународно ниво околу заеднички сет на стандарди за заштита на личните податоци кои ги дели европскиот систем
  • Предизвици за заштита на податоците при хуманитарни акции
  • Социјални медиуми, микро-таргетирање и политичка кампања: предизвици и можности за органите за заштита на податоци.

Исто така, во текот на 28-та Пролетна конференција на органите за заштита на личните податоци се дискутираше за иднината на самата конференција како и за можната трансформација и еволуција на Case Handling Workshop имајќи ја предвид новата Општа регулатива за заштита на личните податоци.