Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации во Република Македонија

Петок, Април 7, 2017

Во рамки на проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“, финансиран од Европската Унија се организираат три тркалезни маси на тема „Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации во Република Македонија“.

Настаните ќе се одржат на следниве датуми и места:

10.04.2017 година, Штип (Агенда)

11.04.2017 година, Битола (Агенда)

12.04.2017 година, Скопје (Агенда)

Целта на овие настани е да се презентираат и дискутираат резултатите од неодамна спроведената анкета за медиумската свест за заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации од јавен карактер, како и да се дадат препораки за подобрување на ситуацијата на овие полиња во Република Македонија.

Проектот се спроведува од страна на Hulla & Co Human Dynamics KG како дел од конзорциумот предводен од Altair Asesores SL во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци.