На 31 октомври 2016 година започна да се спроведува проектот „Набавка на опрема за Дирекцијата за заштита на личните податоци”.
Во рамки на проектот ќе се набави ИКТ опрема (хардвер и софтвер) за да се модернизира работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци и да се подобрат е-услугите кон граѓаните и контролорите на личните податоци.
Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија во рамки на ИПА ТАИБ 2012 програмата, а ќе се имплементира во период од 7 месеци од страна на Ассеко ДООЕЛ Скопје.
Времетраење: 31 октомври 2016 – 30 мај 2017
Вкупен буџет: 246.900 евра
ИПА: 185.175 евра
Одговорно лице за контакт од проектот: Долорес Ананиева, проект менаџер од Ассеко ДООЕЛ Скопје.
Одговорно лице за контакт од ДЗЛП: Слободанка Славковска, виш програмски службеник за ИПА компонента 1 во Дирекцијата за заштита на личните податоци и Ангел Тодоровски, контакт лице.
Платформа за размена на информации со контролорите и граѓаните - Повеќе
Леток за Платформата за размена на информации со контролорите и граѓаните - Преземи