Настан за промоција на помошта на Европската унија кон подигнување на нивото на заштита на личните податоци во Република Македонија

Четврток, Ноември 9, 2017

Проектот: ,,Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци, на 16.11.2017 (четврток), во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, ќе одржи настан за промоција на помошта на Европската унија кон подигнување на заштитата на личните податоци во Р. Македонија. На настанот свое обраќање ќе имаат г-дин Јаромир Левичек, Раководител на оддел во Делегацијата на Европската Унија и г-дин Горан Трајковски, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Покрај означувањето на почетокот на медиумската кампања за подигнување на јавната свест за заштитата на личните податоци, на овој настан ќе бидат промовирани и активностите и достигнувањата на следните три проекти, финансирани од Европската унија:

  • Проект: ,,Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”
  • Проект: ,,Набавка на ИТ опрема за Дирекцијата за заштита на личните податоци”
  • Проект: ,,Заштитата на личните податоци и медиумите”.

Агенда - Преземи