Обука АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје

На 09.05.2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци, наменета за претставниците на Трговско друштво за производство, услуги и промет АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. На обуката исто така, беше разработена темата имплементација на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.