Обука за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци на 14.04.2021 година преку веб платформата  ZOOM ќе спроведе „Обука за заштита на личните податоци“, на која ќе бидат опфатени новините од областа на заштита на личните податоци, односно новиот Закон за заштита на личните податоци, како и подзаконските акти кои ги донесе Агенцијата.

Обуката е наменета за лицата кои вршат обработка на лични податоци кај контролорите и обработувачите, офицерите за заштита на личните податоци и овластените/одговорните лица кај контролорите/обработувачите.

Надоместокот за учество на оваа обука  изнесува 4000 денари по пријавен учесник согласно Одлуката за определување на висината на надоместоците за организирање и спроведување на обука за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.52/20).

На учесниците на обуката, Агенцијата за заштита на личните податоци им издава сертификати за учество на обука.

Вашите Барања за обука можете да ги доставите на следните е-маил адреси: milenko.marinkovic@privacy.mk или на obuki@privacy.mk, најдоцна до 12.04.2021 година до 10:00 часот.

Контакт: +389 2 3230 635 Локал 018, +389 75 242 547

Dates: 
Среда, Април 14, 2021 - 10:00