Обука за заштита на личните податоци - Групација Триглав - 20.01.2021 година

На 20.01.2021 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку платформата ZOOM спроведе „Обука за заштита на личните податоци“.

На обуката земаа учество претставници на контролори од Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД, Скопје.

За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите и обработувачите согласно новиот Закон за заштита на личните податоци и подзаконските акти од областа на заштитата на личните податоци.

Обуката беше спроведена on-line поради ескалацијата на бројот на заразени лица со Ковид 19 вирусот, а се со цел заштита на здравјето на учесниците на обуката.