Обука за заштита на личните податоци 09.07.2020 година

На 09.07.2020 година во просториите на Агенцијата за заштита на личните податоци се одржа „Обука за заштита на личните податоци“.

На обуката присуствуваа претставници на контролори од различни области. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите согласно новиот Закон за заштита на личните податоци.

При организирањето и спроведувањето на обуката, Агенцијата за заштита на личните податоци ги применува сите мерки за заштита од COVID-19 (Корона вирус), согласно Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари на Владата на Република Северна Македонија.