Обука за заштита на личните податоци 14.01.2021 година - МИОА

На 14.01.2021 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку платформата ZOOM спроведе „Обука за заштита на личните податоци“, наменета за претставници на Министерството за информатичко општество и администрација.

Оваа обука беше организирана согласно склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за информатичко општество и администрација, а за време на истата беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите и обработувачите согласно новиот Закон за заштита на личните податоци и подзаконските акти од областа на заштитата на личните податоци.

Обуката беше спроведена on-line поради ескалацијата на бројот на заразени лица со Ковид 19 вирусот, а се со цел заштита на здравјето на учесниците на обуката.