Обука за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

На 13.03.2019 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници на контролори од различни области (финансии, туризам и угостителство, локална самоуправа, градежништво...). За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. На обуката беа разработени и одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на видео надзорот и одредбите од Правилникот за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор, како и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.