Обука за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци

На 24.04.2019 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници на контролори од различни области (градежништво, игри на среќа, трговија, државни органи, социјална заштита...). За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. На обуката беа разработени и одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на видео надзорот и одредбите од Правилникот за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор, како и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.