На 18.09.2017 ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“ во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер организираше обука за промоција на правото на заштита на личните податоци и правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. На обуката присуствуваа претставници на Министерството за образование, Министерството за правда и нивните органи во состав.