Обука - Министерство за одбрана

На 26.02.2018 година во просториите на Министерство за одбрана -Центар за обуки ,,Јозеф Крузел“ Аеродром Скопје - Комисијата за обуки на Дирекцијата за заштита на личните податоци спроведе Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. Оваа обука се одржа на барање и во организација на  Министерството за одбрана, а беше наменета за претставници на Министерството за одбрана. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги има Министерството за одбрана како контролор на збирки на лични податоци, како и обврските на овластените лица кои обработуваат лични податоци. На обуката, беа разработени и одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци. Исто така, учесниците на обуката се запознаа и со новите принципи и начела за обработка на личните податоци и новиот предлог Закон за заштита на личните податоци.