Обука наменета за вработените на Машински факултет Скопје

На 24.03.2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци, наменета за претставниците на Машински факултет Скопје. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. На обуката беше објаснета постапката на регистрирањето на контролорите во Централниот регистар на збирки на лични податоци и пријавувањето на збирките на лични податоци. Исто така, беа разработени и одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на видео надзорот и одредбите од Правилникот за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор, како и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.