Обука - ПЗУ Клиничка болница Аџибадем Систина Скопје

На 06.06.2018 годинаво  се одржа „Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци“, наменета за претставници на ПЗУ Клиничка болница Аџибадем Систина Скопје. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, обврските на офицерите за заштита на личните податоци, а посебен акцент беше даден на обврските кои ги имаат овластените лица кои обработуваат лични податоци.