Обука 15.03.2017 година

На 15.03.2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници на контролори од различни области (образование, , правосудство, телекомуникации...). За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. На обуката беше објаснета постапката на регистрирањето на контролорите во Централниот регистар на збирки на лични податоци и пријавувањето на збирките на лични податоци. Исто така, беа разработени и одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на видео надзорот и одредбите од Правилникот за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор, како и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.