Одбележан 12от роденден на ДЗЛП

Дирекцијата за заштита на личните податоци и ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” во насока на промоција на активноста бр.5.2 од Проектните задачи и прослава на 12-тиот роденден на ДЗЛП организираа

Тркалезна маса на тема ,,Улогата на граѓанското општество и локалната самоуправа во промоцијата на правото на заштита на личните податоци”.

Целта на настанот беше да се иницираат активностите за зајакнување на соработката помеѓу општините и Невладините организации за подигнување на јавната свест за правото на заштита на лични податоци.

На настанот свое обраќање имаше:

Г-дин Горан Трајковски, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци;

Со панел презентации на настанот се претставија:

Г-ѓа Душица Перишиќ, Извршен директор на ЗЕЛС;

Г-ѓа Дона Костуранова, Претседател на Младински Образовен Форум;

Г-ѓа Лилјана Пецова Илиеска, советник од Дирекцијата за заштита на лични податоци

На настанот присуствуваа претставници на единиците на локалната самоуправа, невладините организации и други државни органи.

Настанот се одржа на 22 јуни 2017, во просториите на ЕУ Инфо Центарот.