Во рамките на ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”, на 16.05.2017 во просториите на ДЗЛП, беше одржан состанок со претставници од медиумите и државните институции на тема „Комуникациска стратегија на Дирекцијата за заштита на личните податоци 2017-2022 и предлози за нејзино подобрување“.
Претставниците зедоа активно учество во дискусијата со конструктивни сугестии и забелешки кои што дадоа голем придонес во подобрување на стратегијата. Истите ќе бидат соодветно вклучени пред документот да биде објавен и испечатен.