Онлајн настан: Две години од донесувањето на Законот за заштита на лични податоци

По повод Денот на заштитата на личните податоци (28 јануари), Агенцијата за заштита на лични податоци со поддршка на ЕУ Твининг Проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, ќе организира онлајн дебата на тема „Две години од донесувањето на Законот за заштита на лични податоци“ која ќе се одржи на 28 јануари 2022 година од 11:00 до 12:30 часот преку ZOOM платформата. На настанот свое обраќање ќе имаат претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, на Република Хрватска и Делегацијата на ЕУ.