Осма сесија на обуки за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 13 и 14 јули 2022 година ја организираше осмата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“ и „Пренос на личните податоци“.

На првиот ден од обуката беа опфатени новините од ЗЗЛП и главните обврски за контролорите и обработувачите, додека на вториот ден од обуката беа појаснети критериумите за пренос на личните податоци и условите за законит пренос на личните податоци како што се: одлуките за соодветност, инструментите за пренос (стандардни договорни клаузули, задолжителни корпоративни правила, кодекси на однесување, сертификација итн.) како и исклучоците при пренос. Покрај ова на обуката беше даден осврт на случајот „Шремс“ и одлуката на Европски суд на правдата и кои дополнителни мерки треба да ги преземат контролорите и обработувачите при пренос на личните податоци во трети земји или меѓународни организации.