Основни карактеристики на ПВЗЛП

ПВЗЛП задолжително содржи:

  • опис на предвидените операции на обработка и целите на обработката;
  • проценка на потребата и пропорционалноста на обработката;
  • проценка на ризиците за правата и слободите на субјектите на личните податоци;
  • мерки предвидени за:
  • управување со ризиците;
  • демонстрирање на усогласеност со прописите за заштита на личните податоци.

Графички приказ на општиот итеративен процес за спроведување на ПВЗЛП

Напомена: Секоја од фазите ќе треба да се спроведе неколку пати пред да заврши ПВЗЛП.