Остварена средба со претставници на Словенскиот национален орган за заштита на лични податоци

На 20ти и 21ви јули 2017, инспекторите за заштита на личните податоци остварија средба со претставниците на Словенскиот национален орган за заштита на личните податоци во Љубљана. Посетата беше организирана во рамки на активноста А6.3 – Спроведување на заеднички инспекциски надзори од проектните задачи на ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото за заштита на лични податоци”. Во текот на средбата претставниците на двата органи споделија искуства од спроведените заеднички инспекциски надзори со други национални органи за заштита на личните податоци. Средбата се заокружи со дискусија за применетата методологија за спроведување на заеднички инспекциски надзори и со симулација на два случаи.