Отворени денови со мотото „Иницијативи од граѓаните за граѓаните“ (28-31 јануари, 2020 година)

Повелете во просториите на Дирекцијата во текот на работното време, од 08.30-16.30 часот, доколку имате прашања за:

  • Злоупотреба на Вашите лични податоци (име и презиме, единствен матичен број, адреса, телефонски број, трансакциска сметка итн.)
  • Неовластено објавување на Ваша фотографија, видео или аудио снимка или други лични податоци ако се дел од збирка на лични податоци
  • За креиран лажен профил на социјалните мрежи со Ваше име или фотографија

  • Доколку сметате дека некаде неовластено Ве снимаат со камери или како да спроведете видео надзор според прописите за заштита на личните податоци
  • Доколку се сомневате дека Ви земаат копија од лични документи (лична карта, пасош) без законска основа
  • За секоја друга можна злоупотреба на личните податоци или повреда на Вашата приватност.