Повик до медиумите и медиумските работници

Петок, Февруари 24, 2017

Почитувани,

Во тек е спроведување на проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“, финансиран во рамки на ИПА ТАИБ 2012 програмата на Европска Унија, со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Проектот ќе придонесе за поефикасна имплементација на правото на приватност и заштита на личните податоци водејќи сметка и за правото на слобода на изразување и информирање. (Повеќе за проектот на следниов линк). Во рамки на проектот е предвидено истражување преку Прашалник со цел да се добијат релевантни сознанија за заштитата на личните податоци и приватноста, и балансот со слободата на информирање во медиумското работење, изготвен врз основа на претходни консултации и поддршка на медиумските здруженија и релеватни организации/институции.

Учеството на Вашиот медиум и неговите вработени ќе биде од огромно значење и суштински придонес кон остварување на целта на истражувањето. Во таа смисла, Ве замолуваме да го дистрибуирате линкот до Прашалникот до што е можно повеќе вработени лица во Вашиот медиум (главен и одговорен уредник, новинар, камерман, фоторепортер, презентер, менаџер, сопственик на медиум), и да го поттикнете одговарањето на истиот.

Истовремено, Ве информираме дека по спроведување на истражувањето ќе бидат организирани тркалезни маси за медиумски работници, на кои ќе бидат презентирани и дискутирани резултатите од истражувањето, најзначајните случаи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права во однос на приватноста и балансот со доктрината на „јавен интерес“ при медиумското информирање. Притоа, акцентот ќе биде ставен на размена на мислења на медиумските работници. На настаните ќе бидат поканети и медиумски работници од Вашиот ценет медиум.

Пристап до Прашалникот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeTCWGV9tiAaMTH1QqBUF4ozuwRH4w7... Искрено се надеваме и веруваме дека, во интерес на подобрување на севкупната состојба со заштитата на приватноста и слободата на информирање и медиумската пракса во Република Македонија, ќе допринесете кон успешноста на истражувањето и ќе го збогатите со релевантни информации, преку одговарање на Прашалникот.

Во истовреме, Ве замолуваме Прашалникот да го одговорите најкасно до 06.03.2017 година.

Доколку имате прашање или потреба од дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.

Ви благодариме на соработката, со почит

д-р Наташа Пирц Мусар, тим лидер/ Клучен експерт 1

Љубица Пендароска, Клучен експерт 2