Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за финансии

На ден 22.02.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана од директорот Imer Aliu и Министерството за финансии, застапувано од министерот Dr. Fatmir Besimi, потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни.

Во насока на исполнувањето на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Министерството за финансии, а се со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.