Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за економија

На 26.10.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Imer Aliu и Министерството за економија, застапувано од министерот Kreshnik Bekteshi потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни.

Во насока на исполнувањето на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Министерството за економија, а се со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.