Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Агенцијата за млад и спорт

На 23.11.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Imer Aliu и Агенцијата за млад и спорт застапувана  од директорот Наумче Мојсовски потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни.

Во насока на исполнувањето на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Агенцијата за млад и спорт, а се со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.