Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис

На 23.12.2021 година Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Имер Алиу и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, застапувана од извршниот директор Бардил Јашари потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за зајакнување на соработката на двете страни во областа на обезбедување на информации и едукација во однос на правата на заштита на личните податоци на граѓаните на Република Северна Македонија. Во таа насока, Агенцијата и Фондацијата ќе соработуваат и делуваат со цел реализирање на заеднички активности кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци.