Потпишан меморандум за соработка помеѓу АЗЛП и Секретаријатот за законодавство

На ден 13.01.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана од директорот  Imer Aliu и Владата на Република Северна Македонија, Секретаријат за законодавство, претставуван од секретарот Лила Пејчиновска Миладиновска, потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан водејќи се од потребата за меѓусебна соработка заради ефикасно спроведување на своите надлежности утврдени со закон, потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни во областа на обезбедување на методолошкото единство во подготвувањето на законите и другите прописи од аспект на нивно стручно правно концепирање согласно правниот систем на Република Северна Македонија, усогласување на секторското законодавство во Република Северна Македонија со прописите за заштита на личните податоци, како еден од приоритетите при процесот на усогласување на легислативата.