Право на приговор

 

 

 

Правото на приговор се применува само во одредени околности:

  • во случај на извршување работи од јавен интерес;
  • кога обработката на личните податоци се однесува на извршување на јавно овластување што му е доверено на физичко лице;
  • кога обработка се извршува за легитимни интереси на контролорот или на некое трето лице;
  • во контекст на користење на информатички услуги; или
  • за целите на директен маркетинг.

Оттука, може да се каже дека правото на приговор зависи од правниот основ на контролорот за обработката и тоа може да биде поограничено во случај на обработка за целите на научни/историски истражувања или за статистички цели.

Треба да се напомене дека, најдоцна до моментот на првата комуникација, физичките лица треба да бидат изречно известени за ова право, и тоа да биде претставено на јасен начин и одвоено од другите информации што им се даваат. 

Пример:

Компанија има проблеми со безбедноста на влезот во нејзините простории и врз основа на легитимен интерес поставува систем за видео надзор.

Посетител на компанијата поднесува приговор на обработката на лични податоци преку системот за видео надзор.

Ако компанијата го одбие таквото барање, таа мора да даде образложение на легитимниот интерес за продолжување на таквата обработка.

Во спротивно, се смета дека правото на физичкото лице е прекршено.