Продолжува кампањата за јакнење на свеста кај граѓаните и контролорите

Во насока на јакнење на свеста помеѓу контролорите и граѓаните за правото на заштита на личните податоци, Дирекција за заштита на личните податоци во соработка со ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“ промовираше постери за: правото на пристап до личните податоци, техничките и организациски мерки за заштита и тајност на личните податоци, задачите и компетенциите на офицерите за заштита на личните податоци, правилата за начинот на вршење на видео надзор и заштитата на личните податоци и приватноста на младите.