Промоција на веб апликацијата „Е-пријави“ и почеток на медумската кампања

Проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци, на 16.11.2017, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, одржа настан за промоција на помошта на Европската унија кон подигнување на заштитата на личните податоци во Република Македонија. На настанот свое обраќање имаа г-дин. Јаромир Левичек, раководител на оддел во Делегацијата на Европската Унија и г-дин. Горан Трајковски, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Со овој настан се означи почетокот на медиумската кампања за подигнување на јавната свест за заштитата на личните податоци. Истиот ден беше промовиран спотот за правото на пристап на граѓаните до своите личните податоци и Стратегијата за спроведување на правото за заштита на личните податоци во Република Македонија 2017-2022.

На овој настан беше промовирана новата веб апликација „Платформа за размена на информации со контролорите и граѓаните” која е изработена во рамки на ЕУ проектот „Набавка на опрема за Дирекцијата за заштита на личните податоци“. Оваа веб апликација им овозможува на граѓаните и контролорите на едноставен начин и бесплатно да поднесуваат до Дирекцијата за заштита на личните податоци барања и документи во електронска форма.

Истиот ден беше промовиран и Прирачникот за заштита на личните податоци и медиумите кој беше изработен во рамки на ЕУ проектот „Заштитата на личните податоци и медиумите”.

Галерија - Повеќе