Работилници на тема „Улогата на медиумите во заштитата на приватноста, нетолеранцијата на говорот на омраза, слободниот пристап до информациите од јавен карактер и приватноста на јавните личности – Практика и студии на случај од ЕУ и Македонија“

Понеделник, Јуни 12, 2017

На 13.06 и 15.06.2017 година во просториите на Информативниот центар на ЕУ во Скопје со почеток од 10.00 часот ќе се одржат две работилници на тема „Улогата на медиумите во заштитата на приватноста, нетолеранцијата на говорот на омраза, слободниот пристап до информациите од јавен карактер и приватноста на јавните личности Практика и студии на случај од ЕУ и Македонија“  како дел од проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата на Европската Унија, со подршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Работилниците ќе го отвори и ќе даде изјава г. Игор Кузевски, генерален секретар во Дирекцијата за заштита на личните податоци и г-ѓа Наташа Пирц Мусар, клучен експерт (тим лидер) на проектот, а свои предавања за темата ќе дадат релевантни експерти од областа од ЕУ и Македонија: г-ѓа Наташа Пирц Мусар, клучен експерт (тим лидер) на проектот, г-ѓа Лилјана Пецова-Илиевска, претставник на ДЗЛП, г-ѓа Емилија Петреска-Камењарова, Раководител на одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски и г-ѓа Цвета Трајковска, Генерален секретар во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Ќе ни биде особена чест и задоволство, доколку со Ваша медиумска покриеност

на настанот, дадете придонес во афирмација на целите и задачите на работилницата и проектот.

 

Лица за контакт :

Милан Митовски milan _mitovski@yahoo.com

078 374 672