Реализирана посета на Унгарскиот национален орган за информации и заштита на податоци

Во насока на исполнување на активноста А6.3 – Спроведување на заеднички инспекциски надзори од проектните задачи на ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото за заштита на лични податоци”, на 17ти и 18ти јули 2017 беше организирана посета на инспекторите за заштита на личните податоци на Унгарскиот национален орган за информации и заштита на податоци и Маџар Телеком. Посетата беше од консултативен карактер и претставниците на двата национални органи споделија искуства од спроведените заеднички инспекциски надзори со други национални органи за заштита на личните податоци. Посетата беше заокружена со заклучоци за позитивните искуства и предизвиците кои ги носат заедничките инспекциски надзори согласно општата регулатива на ЕУ.