Реализирана студиска посета во Република Полска

Во рамките на ЕУ проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“во периодот од 10-14 октомври 2022 година се реализира студиска посета во Уредот за заштита на личните податоци во Варшава, Република Полска. Целта на студиската посета беше споделувања на искуства и добри практики во однос на имплементацијата на новините од Општата регулатива за заштита на личните податоци.

За време на петдневната серија состаноци беа презентирани и споделени најдобрите практики, искуства и предизвици за следните теми: постапка за спроведување на супервизија, постапување по однос на доставените известувања за нарушувања на безбедноста, истражување и поведување на прекршочна постапка и одмерување и изрекување на прекршочни санкции, начинот на кој се одвива прекуграничната соработка во однос на конкретни предмети, искуства во однос на офицерите за заштита на личните податоци, давање на правни мислења по закони и за прашања од одредени области од јавниот и приватниот сектор, пренос на личните податоци и обврските на одделението за меѓународна соработка, реализираните проекти и плановите за иднина од аспект на едукацијата.