Реализирани тркалезни маси за новиот предлог Закон за заштита на лични податоци

ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“ во насока на спроведување на активноста 4.2 од проектите задачи,  во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци, организираше четири тркалезни маси за новиот предлог Закон за заштита на лични податоци. На тркалезните маси кои се одржаа на 03, 04, 05 и 09.10.2017 присуствуваа претставници на банките и финансиските институции, телеком и осигурителните компании, стопанските комори и претставници на јавниот сектор. Претставниците на работната група од ДЗЛП која го изготви предлог ЗЗЛП, ги запозна присутните со главните елементи на новата регулатива за заштита на лични податоци кои се транспонирани во новиот предлог ЗЗЛП, како и со новата улога на Офицерот за заштита на лични податоци. Експертот Јернеј Ровшек, ангажиран од страна на проектот ги претстави финансиските импликации од спроведувањето на новиот предлог ЗЗЛП. Во текот на сите досега реализирани тркалезни маси беше развиена конструктивна дебата, која резултираше со забелешки, од кои дел беа прифатени од страна на претставниците на ДЗЛП. Истите на барање на присутните даваа појаснувања на конкретни одредби и ги замолија присутните сите прашања и недоумици да ги достават до ДЗЛП на novzakon@privacy.mk