Склучен Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за одбрана

На ден 22.02.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за одбрана, склучија Меморандум за соработка.

Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за одбрана имаат изградено повеќегодишна успешна соработка во областа на спроведувањето на прописите за заштита на личните податоци. Во таа насока, потпишувањето на овој Меморандум ќе ја зајакне заедничката заложба и интерес за продлабочување на соработката во оваа област.

Исто така, во насока на исполнувањето на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Министерството за одбрана, а се со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци